(Видео) Сопругата со екипажот на авионот му го зготвила најубавото изненадување

Сопружниците Адри и Дејвид Роуз, патувале со авион од Флорида во Колорадо, кога таа открила дека е бремена. Не сакала во текот на летот да му соопшти на сопругот, па го замолила персоналот на авионот да и помогне во изненадувањето.

„Имам голема молба. Штотуку дознав дека сум трудна, и навистина сакам да го изненадам сопругот. Се надевав дека вие би ми помогнале да објавите пред полетувањето. Неговото име е Дејвид Роуз, и седи на седиштето 28Е. Ако можете да дадете брз знак дека ќе објавите, јас ќе ја подготвам камерата“, напишала Адри во пораката која и ја дала на стјуардесата. Таа набрзо го покажала палецот нагоре.

„Овде вашиот пилот, ги молам Дејвид и Адри Роуз да обрнат внимание. Именуваната довјка успеала да прошверцува дополнителен патник во авионот. Имено, Адри неодамна дознала дека е трудна. На двојката во овој момент им честитаме на приновата“, се слушнало на разгласот.

Давид среќната вест ја оставила прилично збунета, додека останатите патниците воодушевени вриштеле од среќа.

„Чекај, што?“, повторувал идниот татко.

„Господине Роуз, сега кога слушнавте, боцата со кислород ви е при рака“, додал пилотот.

Видеото од збунетиот Давид е ојавено на Фејсбук, и досега е прегледано 46.000 пати.

Видете:

 

 

Scroll to Top