(Видео) Сопругот ја оставил откога ослабела 130 килограми

Лора Перез од Сан Антонио, Тексас, вели дека нејзиниот брак пропаднал затоа што сопругот Џои станал љубоморен бидејќи таа успеала да ослаби повеќе од 130 килограми.

Лора, која сега се води со името Анџелика, некогаш тежела 270 килограми. Таа имала големи здравстени проблеми, а се случувало понекогаш да има и тешкотии во дишењето. Сопругот морал постојано да биде со неа да ѝ помага во извршувањето на најосновните потреби.

Џои вели дека по многу години грижа за неа, тој на крајот се чувствувал како да е отфрлен од нејзиниот живот.

„Колку мене ми беше подобро, толку бракот се влошуваше“, изјавила Лора.

Пресвртот во нејзиниот живот се случил кога таа одлучила да ослаби. Анџелика се ставила на посебен режим на исхрана и во првата фаза ослабела 130 килограми.

Сега Лора има само 70 килограми. Го променила изгледот на лицето и нејзиното тело и ретко кој можел да ја препознае. Станала вистинска манекенка, а мажите не можеле да ѝ одолеат на нејзината убавина.

На крајот Џои решил да поднесе документи за развод и да ја остави. Покрај тоа што се чувствувал отфрлен од нејзиниот живот, чувствувал и љубомора затоа што не можел да поднесе другите мажи да ја гледаат.

Scroll to Top