(Видео) Советски лидер со бакнеж му ја раскрвавил устата на Тито

Лидерите на СССР се познати по топлите прегратки и бакнежите со другите светски колеги. Бакнувањето на гостите е традиција во Русија. Тоа е знак дека гостите кои се доаѓале им биле симпатични на руските лидери. Бакнувањето на мажите е популарно во Русија. Тие се бакнуваат во специјални моменти, како на пример по воените победи.

Сталин бил познат по тоа што ги бакнувал советските пилоти, а Хрушчов, пак, ќе остане запаметен меѓу останатото и по бакнежот со првиот руски човек кој бил испратен во вселената, Јуриј Гагарин.

Најпознат по сочните бакнежи бил советскиот лидер Леонид Брежнев, главниот секретар на советската комунистичка партија од 1964 година до 1982 година. По повод бакнежите кои ги имал со останатите лидери, во јавноста се појавиле голем број шеги на негова сметка. Бил познат неговиот таканаречен троен бакнеж – „Еден во левиот образ, еден во десниот и третиот бакнеж бил усни на усни“.

Голем број од светските лидери не биле многу среќни поради таквиот начин на поздравување и барале начин да го избегнат. Кубанскиот лидер Фидел Кастро по слетувањето во Москва излегувал од авионите со пура во устата.

Само така Брежнев немал можност да го бакне во уста. За лидерот на Романија, Николај Чаушеско, кој наводно страдал од бактериофобија, се зборувало дека успеал да најде начин како да го избегне топлото добредојде на Брежнев. Никој не знае како успеал во тоа, но многумина веруваат дека тоа се должи пред сè на тоа што Романија уживала посебен статус во источниот блок.

Некои државници сепак немале ништо против бакнувањето со советскиот лидер на комунистичката партија. Бакнежот на премиерката на Индија Индира Ганди до ден денес го краси ѕидот во нејзиниот дом.

Но, најмногу се зборува за бакнежот што го имале со југословенскиот лидер Јосип Броз Тито. Многумина велат дека рускиот лидер толку силно го бакнал неговиот југословенки колега, што во еден момент устата на Тито се раскрвавела.

Многу се зборува и за бакнежот на Брежнев со лидерот на Источна Германија Ерих Хонекер, во 1979 година, кој бил насликан од познатиот сликар Дмитри Врубелју. Уметничкото дело е насликано на Берлинскиот ѕид со зборовите: „Боже, помогни ми да ја преживеам оваа смртоносна љубов“.

Scroll to Top