(Видео) Средношколци добија матурска забава на отворено

Градот Лоренсбург, во Кентаки, приреди шоу во саботата за матурската вечер на средното училиште во округот Андерсон.

Началникот на училишната област имал идеја матурската забава да ја одржи надвор во историското централно градско подрачје на Лоренсбург. Градските екипи поставиле светла, барикади и обезбедување долж главната улица, која била затворена за сообраќај.

Тие продале 500 билети, а студентите се појавиле во големи камиони, па дури и тркачки автомобили за да ја прослават матурска вечер што никогаш нема да ја заборават.

Некои луѓе му посочиле на градоначалникот Трој Јанг дека сцената изгледа како од филм.

„Единствената матурска забава на која присуствував, кога беше време матурата да заврши, имаше уште триста ученици кои танцуваа на улица“ – изјави Јанг за WDRB News. „Децата беа толку благодарни и навистина уживаа во ноќта“.

Scroll to Top