(Видео) Станари во Белград евакуирани откако им се срушила зградата

Неколку граѓани останале без покрив над главата во општината во Белград, Врачар, откако зградата во која живееле се срушила. Надлежните велат дека објектот останал без темелите затоа што биле поткопани од градилиштето кое се наоѓало до него.

„Пет семејства беа сместени во хотелот Славија, додека две семејства најдоа сместување за себе. Градот обезбеди пари за семејствата и нивниот престој во хотелот, сè додека не се расчисти ситуацијата“, изјавил заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

Весиќ додал дека нвеститорот, поради чија работа и била оштетена зградата, му се слошило веднаш штом ја слушнал веста и отишол во болница.

Претседателот на куќниот совет веќе неколку дена ги молел да престанат да работат, бидејќи поради нив ке им се сруши зградата, но не го послушале.

Scroll to Top