(Видео) Стогодишна баба пилотира со руски авион

Деведесет и деветгодишната Русинка Марија Колтакова пилотирала со рускиот авион Su-34 на воениот аеродром „Балтимор“ во нејзиниот роден град Воронјеж во Русија. Таа пилотирала додека седела во симулатор, кој создава совршени реални услови како и во вистински авион.

Таа седела покрај професионален пилот, потполковникот Андреја Дјаченк, и за момент ја презела контролата над леталото. Колтакова ја нарекуваат железната баба затоа што веќе извела многубројни подвизи, вклучувајќи и скокови со падобран, нукрање и лет со балон.

Дјаченк вели дека со негова помош Колтакова успешно го управувала авионот, а за момент и самата ја презела контролата.

„Впечатокот е космички. Сè ми се допадна. Летав во облаците и го видов Воронјеж“, изјавила Колтакова.

Таа на „Инстаграм“ му се заблагодарила на Дјаченк објаснувајќи дека вежбале аероботика и полнеле гориво додека авионот се наоѓал во воздухот. Таа објаснила само дека е разочарана затоа што целата работа се случувала во симулатор.

Поранешниот доброволец во Втората светска војна, Колтакова, учествувала во клучната битка за Курск и била дел од војската што го ослободила поголемиот дел од источна Европа, вклучувајќи ги и Харков и Лвов.

Scroll to Top