(Видео) Столар станал милионер преку ноќ

Џошуа Хутагалунг од Индонезија, успеал преку ноќ да стане милионер. Тој во август се најде во центарот на внимание, откако метеор паднал во неговата куќа. Џошуа вели дека овој настан, целосно му го променил животот.

„Тоа беше сончев ден, кога оддеднаш слушнав звук како на грмотевица, а потоа и силен удар“, објаснува Џошуа.

Метеорот му направил дупка на таванот, а во земјата отворил дуплка длабока 15 сантиметри. Тој претпоставил дека станува збор за метеор, затоа што било неверојатно некој да фрли камен од 2,2 килограми во неговата куќа.

Кога Џошуа објавил на „Фејсбук“ што доживеал, бројни медиуми веднаш се упатиле кон неговиот двор. Тој привлекол големно внимание на еден американски колекционер, кој му го купил каменот за 1,9 милиони евра.

Инаку, Џошуа речиси целиот свој живот, заработувал од правење на сандуци, но сега среќата вели дека му се насмевнала. Парите кои ги добил, вели дека вределе колку платите кои би ги заработил во следните 30 години.

Scroll to Top