(Видео) Судијка среде натпревар направи селфи со фудбалската ѕвезда Кака

Судијка без причина го прекина натпреварот меѓу Бразил и Израел за да направи селфи со фудбалската ѕвезда Кака. На изненадување на сите во публиката, таа му покажа жолт картон, а потоа го извади мобилниот телефон и се сликаше со него.

Кака во минатото играше за Милан и Реал Мадрид и беше еден од подобрите играчи на теренот. Покрај него во селекцијата на Бразил се појавија уште неколку поранешни фудбалски ѕвезди. Натпреварот беше од добротворен карактер, а организаторите ветија дека парите од продажбата на билети, ќе ги донираат во добротворни цели.

Бразил го доби натпреварот со 4:2 со головите на Бебето, Роналдињо, Кака и Аморусо.

 

Scroll to Top