Најнова туристичка атракција во Лондон е возење во некогашната тајна железница, односно патување со мал воз во мрачен тунел 20 м под земја.
Оваа подземна железница пред 75 години била „забранет град“. Таа била дел од британскиот поштенски систем, а се пренесувале писма, телеграми, пакети од еден до друг крај на градот.
„Ако сте многу високи, можеби два пати ќе размислите пред да купите билет“ – вели Хери Хаскинсон, директор на оваа подземна железница.
По долги години поминати во изградба на тунелот, оваа желеница како најмодерна е пуштена во 1927 година, а затворена во 2003 година откако електронската комуникација ја победи хартиената пошта.
Во текот на возењето на разглас се слушаат приказни за историјатот на оваа железница.