(Видео) Тајфунот Бави ги обедини двете Кореи

By

Тајфунот Бави ги обедини двете Кореи, пишуваат светските медиуми. Двете земји со заеднички напори прават сè што е во нивна моќ за да ги ублажат штетите од силното невреме.

dobivaj vesti na viber

Светските медиуми пренесуваат дека тајфунот Бави, поминал преку Корејскиот полуостров, оштетил голем број од зградите, а поплавил и голем број патишта. Пред да се намали неговата силина и моќ, тој преминал во тропска бура, пишуваат тамошните медиуми.

Засега не се пријавени жртви, ниту во Јужна, ниту во Северна Кореја. Откако мина во близина на престолнината на Северна Кореја, Пјонгјанг, тајфунот продолжи кон Кина, пренесува јужнокорејската метеоролошка агенција, а пренесува „Асошиетед Прес“.

Со брзина од 133 километри на час, тајфунот помина покрај приморскиот регион на западот на Северна Кореја, кој е главен регион за земјоделство и риболов во државата.

Севернокорејската Централна телевизија покажа снимки од искорнатите стебла и комунални столбови и поплавени патишта.

Во Јужна Кореја, Министерството за внатрешни работи и безбедност, пријави оштетувања на зградите, патиштата и други градежни изданија. Струјата повторно се врати во повеќе од 9300 домови во Јужна Кореја, пренесуваат тамошните медиуми.

Откажани се повеќе од 470 домашни летови. Властите во Јужна Кореја исто така ги откажаа некои од железничките услуги, ги затворила јавните паркови и мостови и безбедно ги префрли стотина рибарски бродчиња и патнички пловила.

Централната новинска агенција на Северна Кореја, соопшти претходно оваа недела, дека лидерот Ким Џонг-ун, наредил темелни подготовки за да се сведат на минимум жртвите и штетите од тајфунот. Бурата претходно исто така предизвика големи поплави ширум земјата.

 

Ќе ви се допадне

animes online. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai

That Time I Got Reincarnated as a Slime

watch subbed anime Your Lie in April

Horimiya (Dub) Episode 11

english anime ANIMEFLIX Bleach (Dub)

tải go88