(Видео) Тајната служба го евакуира Доналд Трамп поради пукање

Претседателот на САД, Доналд Трамп,изненадувачки ја прекина конференцијата за медиуми во врска со коронавирусот поради пукање во близина на Белата куќа.

За време на конференцијата, во еден момент во просторијата влезе еден од припадниците на Тајната служба.

„Претседателе, излезете од салата“, му рече тој на Трамп.

Трамп изненаден од новата ситуација, на почетокот беше збунет, но веднаш го послуша агентот и ја напушти конференцијата за новинари.

Трамп го изнесоа од просторијата поради пукање надвор од оградата на претседателскиот комплекс во Вашингтон. По неколку минути, тој се врати на конференцијата, пренесува порталот „24 часа.хр“.

„Имаше пукање надвор од Белата куќа. Ми рекоа дека застрелале вооружен маж. Тој сега е во болница и не знам во каква состојба е. Се чини дека ситуацијата е под контрола. Сакам да ѝ се заблагодарам на Тајната служба, која повторно одлично си ја заврши работата. Беа брзи и делотворни“, изјавил Трамп кога се врати на конференцијата.

Тој додал дека се чувствува сигурно со агентите од Тајната служба.

„Тоа се фантастични момци. Најдобри од најдобрите. Супер се тренирани. Сакаа да се тргнам за кратко додека не бидат сигурни дека сè е под контрола“, додал Трамп.

Непознат маж му се доближил на еден од агентите на Тајната служба во близина на Белата куќа. Му викнал дека е вооружен и почнал да трча кон него. Потоа посегнал по нешто.

„Имаше став како да ќе пука. Еден од агентите го извади оружјето и го застрала“, објавиле од Тајната служба за инцидентот што се случил.

Настанот се случил на раскрсницата на 17. улица и авенијата Пенсилванија, пред теренот на Белата куќа во близина на паркот „Лафајет“. Си-ен-ен пишува дека двајца полицајци провериле дали човекот е вооружен, но не бил.

Scroll to Top