(Видео) Тату мајстор им прави бесплатна тетоважа на сите кои ќе го победат коронавирусот

Тату-мајстор од Мексико им дава бесплатни тетоважи на сите оние кои ќе го победат коронавирусот. Мексико е земја која е најсилно погодена од Ковид 19.

Според последните податоци, повеќе од 616.000 лица се заразени, а 66.329 починале од оваа болест. Мексиканецот Еми Дебуа дошол на идеја да им даде бесплатна тетоважа на секој оној кој ќе го победи Ковид 19.

На овој начин, тој смета дека луѓето, особено младите повеќе ќе вложуваат сила и енергија и ќе имаат повеќе волја за да го победат опасниот вирус.

„За неколку години луѓето ќе можат да им зборуваат на своите деца и внуци. Се сеќавам дека во 2020 година боледував од коронавирус. Тогаш владееше пандемијата. Тоа беше смртоносна болест, а јас самиот ја преживеав. Види ми ја тетоважата“, вели Еми.

Тој минатата недела ја покренал оваа акција во Монтереј, како подарок за сите оние кои нешто или некого изгубиле во текот на пандемијата.

Scroll to Top