(Видео) Тепачка на тренери на фудбалски натпревар во Англија

Тренерите на Стоук, Дин Холден и Рорди Делап, се степаа со помошникот тренер на Барнсли, Џо Лауман, на синоќешниот натпревар меѓу двата тима во Чемпиошип дивизијата.

Инцидентот се случи за време на еден прекин на натпреварот, кога фудбалерите на Барнсли требаа да изведат аут. Едниот од тренерите се обиде да ја шутне топката за да помине време, додека на неговиот колега од спротивната страна му се брзаше, па му ја собра.

Тогаш настана пресметка покрај аут-линијата, а судијата веднаш им покажа црвени картони и ги испрати надвор.

Scroll to Top