На социјалните мрежи се шири видео од тепачка пред продавници во Франција. Во сите земји во кои е регистриран коронавирусот, граѓаните масовно излегуваат во продавниците за да купат храна и други намирници.
Во Франција поради пандемијата на коронавирусот, ситуацијата станува се потешка. Улиците се речиси празни, но голема тензија владее пред и во продавниците.
На едно видео е прикажано како група на луѓе се тепаат пред продавницата во Париз. Тепачката наводно избила поради намирници затоа што повеќето од полиците и рафтовите во продавниците се празни.
Слични сцени доаѓаат и од други европски, но и светски метрополи.