(Видео) Тепачка во кинескиот парламент

Физичка пресметка избила вчера во парламентот во Хонгконг, поради планираните законски измени, според кои се предвидува на осомничените лица им биде судено во матичната земја Кина.

Тензиите на почетокот на седницата во парламентот Хонгконг завршиле со тепачка. Политичарите почнале да се пцујат и да скокаат на масите, а некои се обидувале да стигнат до микрофонот.

Во хаосот биле повредени неколку пратеници, a еден е префрлен во болница. Продемократскиот пратеник Гери Фан бил изнесен на носилки, додека еден од пратеницоте кои доаѓале од Пекинг, од салата излегол со повредена рака.

Критичарите сметаат дека со предложените измени на законот за испорачување, се нарушуваат правата на слобода за лицата од Хонгконг, додека од друга страна, властите тврдат дека измените се неопходни поради испораката на осомничените за убиствата направени во Тајван.

„Би-Би-Си“ пренесува дека Хонгконг и понатаму има одвоен правен систем од матичната земја Кина. Пекинг во 1997 година ја вратил контролата над Хонгконг, некогашната британска колонија, со услов оваа територија овозможи поголема автономија, освен во прашањата на надворешна политика и политика на одбрана.

Scroll to Top