(Видео) Тинејџер го сними „Летачкиот Кремљ” на Путин вреден 390 милиони долари

Рускиот лидер Владимир Путин му ја исполнил желбата на петнаесетгодишниот тинејџер Арслан Каипкулов да го разгледа неговиот авион со кој патува.

Арслан имал можност да ја сними внатрешноста со камера која исто така ја добил од рускиот лидер. Тинејџерот го снимил внатрешниот дел кој бил декориран во неокласичен стил, светли бои, а имало и многу бела кожа и златни детали. Дури и тоалетот во леталото бил позлатен. Во авионот имало и целосно опремена теретана.

Авионот со кој патува рускиот лидер вреди 390 милиони долари и оправдано е наречен „летачкиот Кремљ“. Арслан вели дека се заљубил во авионот на рускиот претседател.  Лицата кои го обезбедувале му ги покажале на Арслан претседателската сала за состаноци и раскошната соба со приватното купатило.

„Овој авион е најстрога чувана државна тајна. Ми беше чест да влезам во него“, изјавил Арслан.

Иако Арслан бил воодушевен од луксузниот дел во внатрешноста на авионот, сепак најголемиот впечаток му оставила пилотската кабина. По „екскурзијата“ Путин и Арслан се слушнале преку телефон.

„Фала ви за можноста што ми ја дадовте да го посетам вашиот авион“, изјавил Арслан кој репортажата за авионот ја направил за добротворна приредба.
Scroll to Top