(Видео) Тинејџер на автопат скока пред камион со полна брзина

Во желбата да се прослават на социјалните мрежи, новите генерации измислуваат предизвици што стануваат сè поопасни и, за жал, често завршуваат со смртен исход.

Ова момче од Саудиска Арабија е уапсено кога на интернет се прошириле некои од неговите видеа каде што изведува вакви слични предизвици. Момчето решило да се обиде да скокне пред камион со полна брзина и во последен момент да го избегне ударот.

Неговата снимка набргу станала многу гледана, а на неа се гледа дека буквално дел од секудата го дели од удар со огромниот камион.

Настанот е проследен со паничната сирена со која камионџијата се обидува да му даде до знаење да се тргне од патот.

Scroll to Top