(Видео) Тинејџерка се заканила дека ќе убие стотина луѓе во школо за забава

Осумнаесетгодишната Алексис Вилсон од Оклахома во понеделникот им признала на колегите на работа дека планира да убие 400 луѓе во нејзиното старо средно школо каде учела. Таа признала дека злосторот сака да го направи од чиста забава. На колегите им покажала и фотографии и снимки на кои таа позира со „калашников“.

Вилсон им се доверила дека сака да убие уште стотина луѓе и дека во нејзиното старо школо има доволно луѓе. Таа ги убедувала колегите дека не се сите сопственици на оружје, лоши луѓе.

Вилсон била исфрлена од средното школо, откако неколкупати била фатена со нож и фашистичка свастика. „НБЦ Њуз“, пренесува дека има и пишан извештај, дека Вилсон била злоставувана во школото и дека не успеала повторно да се запише во истото.

Полициските служби го пронашле оружјето во нејзината спална соба. Биле откриени и шаржери од пушката. Вилсон во моментов се наоѓа во затвор во округот Питсбург, поради терористичка закана.

На неа ѝ се заканува затворска казна од 10 години робија. За неа е одредена кауција од 250.000 долари. Поради нејзините закани, во средното школо е засилено обезбедувањето, како знак на претпазливост.

Scroll to Top