(Видео) Трагичен крај за падобранци по нивниот судир во воздух

Двајца руски падобранци доживеале страшна несреќа откако нивните падобрани се преплеткале, а последните моменти од нивните животи биле снимени со камера од нивен колега.

Се работи за Рушан Сибгатулин и Олег Шелаков, кои биле дел од рутинската изведба на групни скокови во Русија.

За жал, нешто што требало да биде обичен скок се претворило во трагедија.

Несреќата била снимена со камерата на капата на третиот падобранец.

Еден од нив загинал за време на падот на земјата, додека другиот починал по неколку часа откако бил примен во болница.

Scroll to Top