(Видео) Трамп ја натера Меланија насила да се насмее пред новинарите

Светските медиуми објавија снимка на која американскиот претседател, Доналд Трамп, ја тера насила неговата сопруга Меланија да се насмее пред новинарите. Двајцата беа во посета на црквата свети Џон во Вашингтон, каде камерманите и фотографите ја снимија киселата насмевка на Меланија.

Се добива впечаток дека неговото барање не беше пријатно за Меланија, која направила болна гримаса, пренесува британски „Метро“.

Двајцата за време на обиколката на црквата застанале да се фотографираат. На снимката се гледа како Трамп побарал од Меланија да се насмее, а нејзината гримаса била сигнал на незадоволство, пишува „Метро“.

Трамп црквата ја посети во вторникот, додека во САД траат протестите поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Ваквата посета наиде на осуда кај црквените лица.

Scroll to Top