(Видео) Цртеж од кенгур од пред 17.300 години бил пронајден во Австралија

Австралиски научници откриле уметничко дело старо 17.300 години. Тие пронашле слика од кенгур, нацртана на карпа. Сликата е два метра широка и е нацртана со црвена боја, пренесе Би-би-си.. Цртежот е најден во регионот Кимберли во западна Австралија.

Овој предел е познат по абориџинските слики на карпа. Ова откритие е објавено денес во списанието „Природно човечко однесување“. Научниците претпоставуваат дека станува збор за недопрено уметничко дело во Австралија.

Претходно оваа година истражувачите ја најдоа најстарата пештерска слика на светот, на островот Сулавези во Индонезија. На сликата има нацртано свиња во природна големина и се претпоставува дека е стара 45.000 години.

Scroll to Top