Снимка од огромен крокодил кој во својата уста носел леопард ги изненади посетителите од националниот парк Кругер, во Јужно-африканската република.
Големиот рептил изгледал како да не му смета големата тежина на мачката, а шепите на леопардот виселе околу устата на корокодилот, додека околу неговата глава била забележлива и крв, која настанала недолго по кратката борба со кркодилот.
Момент од ужасот успеал да сними еден од посетителите кој бил сведок на оваа борба.
„По вечерата отидовме до реката Саби. Бевме изненадени кога го забележавме кркодилот како го влече леопардот. Тоа е тажно, но веројатно таква е природата и борбата за опстанок. На крајот ги изгубивме од вид“, вели Кевин Исаков, авторот на снимката.