(Видео) Убиен патник во минибус во Русија, откако им рекол на брачна двојка да стават маски

By

Еден маж (53) во рускиот град Санкт Петербург, бил избоден со нож, по кавгата која се случила во минибус со двајца патници, кои одбиле да носат маски.

dobivaj vesti na viber

Снимката од камерата во минибусот, покажува дека човекот пред да излезе од возилото, ја укорувал двојката, маж и жена, затоа што не носеле заштитна маска, поради коронавирусот.

По преписката, патникот го удрил мажот кој не носел маска, а потоа тргнал да излезе од минибусот. Но, бесниот Русин, побрзал да го стигне и го убил.

Телото на жртвата било пронајдено со убодна рана во грбот. Двајцата осомничени биле задржани следниот ден, а покрената е кривична истрага.

 

Ќе ви се допадне