(Видео) Учителка во обид да направи селфи падна од 27 кат

Сандра Мануела Де Коста од Панама која е идентификувана како учителка и мајка на две деца, во обид да направи селфи загина паѓајќи од тераса.

Таа седела на оградата од својот балкон на 27 кат од зградата во која живеела, држејќи селфи стап. Во обид да направи подобра фотографија, Мануела изгубила рамнотежа и паднала, пишува „Сан“.

 

Снимката наводно ја направиле работници кои се наоѓале на прозорите од соседната зграда, и кои загрижено ја набљудувале ситуацијата. Тие се обиделе да ја предупредат, но поради силниот ветер, Мануела не ги слушнала.

Шокантно истражување кое е објавено минатиот месец, утврдило дека во временскиот период меѓу 2011 и 2017 година, поради селфи загинале дури 259 лица, пишува „Сан“.

 

Scroll to Top