Украинецот Олег Скјавиќ го собори националнот рекорд на Украина откако со заби успеа да повлече брод тежок 614 тни. Во моментов Олег ја чека одлуката од комисијата, дали неговиот подвиг ќе биде запишан во Гинесовата книга на рекорди.
Олег успеа да го повлече бродот за цели 16 метри. Претходниот рекорд изнесувал 15 метри. Тамошните жители за Олег велат дека бил еден од најсилните луѓе на светот.
Овој рекорд не е само одраз на неговата голема физичка сила, туку покажува дека овој Украинец има и други способност.
Освен со мускулите и забите, Олег поседува посебна вештина и неверојатна сила на воља, со која може да помести брод.