(ВИДЕО) Утре Мајами би можел да биде потопен и срушен

Покрај силните ветрови, во пределите во крајбрежјето на Флорида, се очекува борба и со поплавите.

Ураганот Ирма стигна и до Куба, и нема сила која може да ја сопре во патот кон Соединетите Американски Држави. Се очекува да во текот на викендот, најверојатно во неделата утрото да удри во Флорида. Се очекуваат ветрови од 250 километри на час. Освен тоа, ќе паѓаат и обилни дождови, а брановите ќе бидат високи и по неколку метри.

Во САД веќе со денови, владее вистинска паника. Стотина илјади луѓе се евакуирани во внатрешноста на земјата. Патиштата кои водат надвор од Мајами веќе два дена се целосно блокирани, сите бегаат од градот.

 

На страницата „Climate Central“, објавена е симулација која прикажува како Мајами би можел да изгледа во недела утрото.

Американскиот национален центар за урагани (NHC) соопшти дека разорувачкиот ураган Ирма, е ослабен на категоријата три, но предупреди дека најверојатно повторно ќе се засили на патот кон Флорида, додека гувернерот на државата Рик Скот ги предупреди жителите дека следствено на ураганот на некои места, водата ќе биде четири метри и ќе ги поплави куќите. NHC со седиште во Мајами предупреди дека Ирма ослабела и се очекува да повторно се засили на патот кон јужна Флорида“, пренесе Ројтерс.

Како што јавува АП, гувернерот на Флорида ги повика сите кои живеат во таа област, да се евакуираат во зоната на југозападна Флорида и да ги напуштат домовите поради заканите од Ирма кои веќе тргнала кон запад.

„Бурата ќе стигне побрзо од вас“, порача Скот.

Скот изјави дека 25.000 луѓе на Флорида веќе ја изгубија струјата кога Ирма од надворешната страна го погоди јужниот дел од државата.

„Ова ќе ви ги поплави куќите“, изјави тој предупредувајќи на опасниот бурен бран меѓу 2 и 4 метри долж деловите на Флорида.

NHC соопшти дека очекува дека разорниот ураган Ирма, ќе удри на југозападниот дел на Флорида и Тампа, во недела, но дека цела држава ќе ги почувствува ефектите од бурата. Портпаролот на NHC, и метеоролог Денис Фелтген изјави дека во саботата дека ако Ирма не го погоди директно Мајами, жителите во тој град сепак ќе се најдат во ситуација која е опасна по живот.

Погледнете како Мајами би можел да изгледа во неделата:

 

Еве како во моментот изгледа Мајами во исчекување на најлошото невреме: