(Видео) „Веќе не можам да живеам во Либан“, се огласи невестата од Бејрут

By

Целиот свет ја виде снимката од младата Либанка Исра Себлани, која пред да се случи експлозијата во Бејрут позираше за своите свадбени фотографии. Таа сега вели дека по експлозијата што  се случи во средата, таа повеќе не може да го замисли нејзиниот живот тука.

Нејзиниот сопруг се потсетува на моментот кога во средата се вратиле во хотелот каде што престојувале за да ги земат нивните работи и пасоши. Исра е доктор која работи во САД, додека нејзиниот сопруг е 34-годишниот бизнисмен Ахмад Субеих.

„Сцените во собата беа неверојатни“, изјавил Субеих, кој чека виза за САД, за да може да ѝ се придружи на сопругата.

Себлани вели дека го сака Либан, но чувствува дека по експлозијата во вторникот, нејзиниот живот да продолжи тука повеќе не е опција. Во несреќата загинаа најмалку 135 луѓе, а беа повредени повеќе од 5.000. Селбани во Бејрит стигнала неколку недели пред венчавката.

Таа му помогнала на повреден човек пред да побегне од плоштадот Саифи во Бејрут, пишува „Гардијан“. Два дена подоцна таа и сопругот понатаму се обидуваат да се соземат од шокот.

„За својот голем ден се подготвував две недели и бев среќна како и сите други девојки. Јас ќе се мажам. Моите родители беа исто така среќни кога ме видоа во белиот фустан. Ми велеа дека изгледам како принцеза“, изјавила таа за „Ројтерс“.

„Тоа што се случи за време на експлозијата не може да се опише со зборови. Бев во шок, се прашував што се случи, дали ќе умрам. Како ќе умрам?“, вели Исра.

И нејзиниот сопруг Субеих се потсетил на експлозијата, чија причина најверојатно е магацинот со хемикалии со амониум нитрат во пристаништето во Бејрут.

„Почнавме да се движиме наоколу, бев екстремно тажен, не може да се опише таквиот звук на експлозија“, вели тој.

„Сè уште сме во шок. Ниогаш не сум слушнал таков звук на експлозија“, додал Ахмад.

По експлозијата, сите се обиделе да се смират и да продолжат со прославата.

„Мојот маж ми рече да продолжиме со забавата и дека не можеме сега да застанеме. Си помислив зошто да не. Едностано живеев за тој момент. Потоа заминавме на вечера“, раскажала Исра.

(Видео) Невеста позира во моментот на експлозија во Бејрут, потоа замина да им помага на жртвите

 

Ќе ви се допадне