(Видео) Верска полицајка претепува жена која непрописно ја носела марамата

Претседателот на Иран Хасан Рохани ја критикуваше верската полиција поради тоа што применувала насиле над жените кои не ги почутваат обичаите на исламот кога е во прашање облекувањето.

Рохани изјавил дека насилниот начин на промовирање на некакви доблести и спречување на свадби, нешто за што е задолжена верската полиција, со употреба на насилие е непрактично.

„Фаќањето луѓе за врат за да се испромовира некаква доблест не успева“, изјавил Рохани, кој реагирал на видеото кое предизвика бројни реакции во светот, а кое било снимено во Техеран и објавено на социјалните мрежи. Во истото може да се забележи како верска полицајка, поради непрописно носење на марама брутално тепа и малтретира жена.

Реагирал и министерот за внатрешни работи на Иран Абдолрез Рахмани Фазли, кој им наредил на властите да го испитаат тој инцидент.

Во декември, регуларната полиција во Техеран соопштила дека повеќе нема да апси жени кои не се придржуваат на исламските прописи во облекувањето, кои се воведени уште во 1979 година.
Scroll to Top