(видео) Ветерот го туркаше авионот, како да е од хартија

By

Низ Европа владее голема бура, со ветрови кои достигнуваат брзина и до 110 километри на час, а пилотот на авионот кој слетува на аеродромот во Амстердам имал големи проблеми.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи се појави драматична снимка од слетување на пропелерскиот авион.

Ветерот го носел авионот на сите страни, а по долгата борба, пилотот успеа да го приземји и тоа странично.

 

Инаку, пилотите се обучени за вакви техники на слетувања, под силните удари на ветрот, но за другите набљудувачи на оваа снимка, вакво нешто изгледа застрашувачки.

На аеродромот во амстердам Шипхол, често дуваат силни ветришта, па проблеми со слетување имаат голем број на пилоти.

Ќе ви се допадне