(Видео) Вистинско чудо: Се роди куче со 6 нозе и 2 опашки

By

Нешто несекојдневно се случи во САД, се родило куче со шест нозе и две опашки во ветеринарниот центар Нил во Оклахома. Клиника го објави настанот на социјалните мрежи.

Кутрето од расата Бордер коли, на кое му го дале името Скипер, преживеало и покрај реалните очекувања, што е „вистинско чудо“, изјавиле ветеринарите кои се грижат за него.

Скипер е роден со комбинирано вродено нарушување, со две карлици, два репродуктивни системи, две опашки, шест нозе и Спина бифида – вродена аномалија во развојот на ‘рбетот и’рбетниот мозок.

 

Сепак, сите органи и мускули на Скипер реагираат нормално и неговото здравје напредува, со оглед на тоа колку е сложено неговото тело.

Доколку кутрето продолжи успешно да се развива и во иднина, ќе му се обезбеди физиотерапија и помош додека расте како што укажуваат неговите негуватели, кои не исклучуваат дека Скипер може да има нормален и удобен живот.

За жал мајката го одбила Скипер, но ветеринарниот тим не се откажува од малиот борец.

Ќе ви се допадне

WCOStream wcostream spongebob: Scum's Wish Episode 12

AnimeDao animedao weathering with you: Watch DARLING in the FRANXX Episode 8