(Видео) Властите во Флорида ќе пуштат 750 милиони ГМО-комарци

Локалните власти во Флорида го одобриле планот за ослободување на 750 милиони генетски модифицирани комарци. Комарците ќе бидат пуштени во периодот од 2021 до 2022 година, на подрачјето на Флорида Кис.

Тие се одлучиле на ваков чекор и покрај противењето на локалното население и здруженијата за заштита на животната средина.

Овој проект во мај го одобрила државната Агенција за заштита на животната средина, а целта е да се тестираат генетски модифицираните комаци, како алтернатива за прскањето на големите количини инсектицид.

Видот на комарци aedes aegypti, кој живее на Флорида, шири неколку смртоносни болести, како што се зика, денга и жолта треска.

Генетските модифицирани типови на комарци се изменети, така што поставените јајца раѓаат женки кои умираат во ларвозната фаза, пред да се изведат и да пораснат доволно за да почнат да се хранат со крв и да шират болести.

Само женските комарци се хранат со крвта, која им е потребна за да создадат јајца. Мажјаците се хранат само со нектарон и затоа не се преносители на болестите.

Scroll to Top