(Видео) Внимавајте, корона предизвик се шири по социјалните мрежи, инфлуенсерка од Мајами лиже шолја во авион

Додека голем број од луѓето умираат од опасниот коронавирус, Ава Луис 22 годишна инфлуенсерка од Мајами на социјалните мрежи шири опасна игра која ја нарекува корона предизвик. Таа објави видео на ТикТок, каде во авионот со кој патува лиже капак од шолја. Видеото потоа го сподели и на „Твитер“.

Ана досега два пати била на „Д-р Фил“, за да зборува за својата слава. Таа вели дека попрво би умрела млада и згодна отколку стара и грда. Очигледно прави сè што може за да го оствари тоа ѝ коментираат на социјалните медиуми. Ана вели дека не ја погодуваат коментарите и навредите и дека ова за неа било социјален експеримент.

 

Scroll to Top