(Видео) Во Америка се случува вандализам, луѓе вооружени до заби принудени да ги чуваат своите продавници

Додека во Америка владее вандализам, некои од луѓето вооружени до заби ги чуваат своите продавници. Протестите кои избија во САД поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, за кратко време се претворија во анархија, по што беше прогласен полициси час, а на улиците излезе и Националната гарда.

На удар се најдоа продавниците со најлуксузна роба, но и други локални продавници, супермаркети и ресторани. Некои Американци се принудени самите да ги штитат своите бизниси од насилните упади, како што тоа го направија некои сопственици на пекари во Кливленд.

Во еден ресторан во Сан Диего, никој не може да влезе и да украде, затоа што пред него се наредени опасни момци, кои стојат преку целиот ден и ноќ. Поединци од локалното место тврдат дека станува збор за Руси.

Најлошо поминале некои од сопстевениците на неколку локали во Лос Анџелес, кои, сакајќи да го заштитат својот имет, се појавиле со огнено оружје и мачета на појасот. Но, полицијата брзо ги уапсила, мислјеќи дека се крадци. По неколку часа бил пуштене кога биле утврдени нивните идентитети.

Опасна ситуација била регистрирана и во неколку златари. Во еден од случаите, кога група арамии влегле да ја ограбат златарата, наишле на друга група луѓе вооружени до заби.

„Не сме тука да повредиме никого. Кога видовме што се случило со еден од блиските локали, сакавме ние да го заштитиме нашиот. Ова не се протести, ова е криминал“, изјавил синот на еден од златарите.

Како што пренесуваат американските медиуми, латиноамериканската банда „Латин кингс“, им порача на полицајците да не доаѓаат, заота што тие во своите квартови, самите се пресметуваат со арамиите.

Scroll to Top