Во текот на ноќта пукна брана на реката Рур во областа Хајнсберг, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, на западот на Германија.
Спасувачите поради опасност од поплави и свлечишта, успеале да евакуираат околу 700 лица, пренесува германскиот весник Велт. Нивото на водата утрово е во стагнација, но состојбата е сè уште напната велат службите.
Според проценките на полицијата, најмалку 133 лица загинале во поплавите што ја погодија Германија претходните денови, а стотици луѓе се уште се водат како исчезнати.