(Видео) Во Италија направена пица за Гинис

Во Неапол, Италија, е направена најдолгата пица на светот, долга осум метри. На настапот присуствувале луѓе од Гинисовата книга на рекорди, кои ја мереле пицата, а потоа ја запишале во Гинис како најдолгата пица направена.

Околу 100 готвачи учествувале во подготовката на пицата и за неа биле употребени 83 килограми брашно, 50 килограми моцарела, 20 килограми доматно пире и 15 килограми салама. Пицата се подготвувала и печела 4 часа, а потоа им била поделена на присутните на настанот.

Scroll to Top