Моник Медеирос (19) и Бруна Веласкез (18) од Бразил трагично загинаа во обид да направат селфи. Двете другарки загинаа додека се сликале покрај водопадот Салто Кавеирес во градот Лајес на југот на земјата.
Двете се искачиле на највисокото место, од каде паднале во водата. Една од девојките се лизнала по патеката, додека другата во обид да ја спаси, изгубила рамнотежа. Падот од 30 метри бил кобен за двете.
Бруна починала на лице место, додека Моника била пренесена во болница, но лекарите не успеале да ја спасат. Девојките биле погребани во нивното родно место Лажес.
Нивните другари и другарки со емотивни пораки се простија на социјалните мрежи.
„Требаше да го прославиме 19. роденден на Бруна. Беше толку млада и убава“, била една од пораките.
Тамошните власти велат дека водопадот бил забранет за посетители, но забраната не ги спречува голем број од луѓето да го посетат ова место.