(Видео) Во Охридското езеро се капат со шампон, ни во 21 век не се откажа навиката да мијат глави ко да се во када

На социјалните мрежи се појави видеото на кое извесни капачи се бањаат со шампон во Охридското езеро. Ова некогаш беше пракса во Охрид, па многумина се чудат како и во 21 век и луѓето не можат да променат некои од старите навики.

„Како детално ја пере ко вошки да има. Охридско езеро е непроценливо богатство кое треба да го чуваме сите, ама ете ќе дојде вака некој фамилијарно и сите ќе си се избањаат со шампон, дома да не трошат. Убаво е ова, за здравје, лековито е“, се пошегуваа некои од нив.

Некои напишаа дека истата слика ја виделе и кај шеталиштето, каде имало редица луѓе, а шампоните и сапуните им биле покрај патот. Оние постарите се шегуваат дека овие навики се од времето кога старите охриѓани вака се миеле во езерото, за да им била помека косата.

Scroll to Top