(Видео) Во Португалија се гради најдолгиот висечки пешачки мост во светот

Шеесет километри од Порто, во португалскиот град Ароука, наскоро ќе се отвори најдолгиот висечки пешачки мост на светот. Долг е 516 метри и го доби името „516 Ароука“.

Мостот се наоѓа над кањонот на реката Паива. Изграден е 175 метри над земјата, а широк е 1,2 метри. Направен е од челични кабли и метални решетки и е поставен меѓу две бетонски кули.

За да поминете од еден до друг крај, потребно е пет до десет минути. Времето може да биде и подолго, во зависност од тоа дали ќе застанете за време на пешачењето. Сеедно дали од страв или желба да се воодушевувате на спектакуларниот поглед на кањонот.

Мостот „516 Ароука“ треба да биде отворен во текот на следната година. Засега точниот датум не е познат. Кога ќе биде отворен и официјално ќе се најде на листата на највисок пешачки мост, надминувајќи го висечкиот мост во Церман во Швајцарија, кој е долг 500 метри.

Scroll to Top