(Видео) Во протестите во Мексико, демонстрантите запалија полицаец

За време на протестите во мексиканскиот град Гвадалахара, демонстрантите запалија полицаец, пренесуваат светските медиуми. Во Мексико траат протести и немири поради полициската бруталност и смрт на маж, кој почина по едно апсење, слично како во случајот во САД, со Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Протестите беа организирани, откако Џогани Лопез беше уапсен затоа што не носел маска. Полицајците го претепале до смрт. Сега видеото кое кружи на социјалните мрежи покажува како група полицајци со мотори, поминуваат покрај толпата народ, а во еден момент еден од демонстрантите истури запалива течност кон нив.

Еден од полициските службеници веднаш се запали. За среќа, останатите полицајци му помогнаа и огнот за кратко беше угаснат, пренесува „Раша тудеј“.

Протестите со денови траат и низ цела Америка поради смртта на Фројд, а демонстрантите бараат правда. Но, досега светот беше сведок на многу насилство, грабежи, уапсени демонстранти, како и голем број на повредени за време на протестите.

Scroll to Top