(Видео) Во Турција се гради најдолгиот мост во светот

Во Турција се гради најдолгиот мост во светот, пренесуваат светските медиуми. Овој мост е проектиран да биде со должина до 2023 метри. Мостот ќе чини 1,3 милијарди долари, а ќе се вика „Чанакале 1915“, според провонцијата во која се гради, на северозападниот дел од Турција.

Мостот ќе биде сместен јужно од градовите Лапсеки и Гелибол, а ќе се простира преку теснецот Дарданели, околу 10 километри јужно од Мраморното Море.

Мостот е проектиран од страна на компанијата Cowi, а во изградбата ќе учествуваат и компаниите SK Engineering & Construction Co, Daelim Industrial Co, Limak and Yapi Merkezi и „Јапи Меркези“. Површината на мостот ќе биде висока 72 метри, со вкупна ширина од 45 метри и максимална дебелина од 3,5 метри.

Ќе има шест ленти за автомобили, по три во секој правец. Изградбата на проектот е започната во март 2017 година, а предвидено е истиот да биде завршен до март 2022 година.

Scroll to Top