(Видео) Воспитувачка гризнала бебе во градинка во САД

Воспитувачката Ешли Естес која работела во детска градинка во Оклахома во САД, е уапсена откако гризнала 11 месечно бебе. Ешли е обвинета за нанесување на повреди на детето.

Таа го гризнала, откако детето грзинало друго дете негов врсник во градинката. Вели дека го направила тоа за да му даде на знаење дека таквото нешто може да боли.

„Го гризнала детето за да го научи на памет. Го подигнала и го гризнала за раката“, изјавил полицаецот Џим Варинг за „Фокс 23“.

На детето на местото каде било гризнато, му се појавила модрица. Неговата мајка која исто така работи во градинката, веднаш ја забележала модрицата. Веднаш го пријавила случајот во полиција.

„Откако ја забележала модрицата, жената дојде во станицата да ја пријави нејзината колешка. Веднаш ги контактиравме другите воспитувачки за да провериме дали постојат сведоци“, додал Варинг.

Полицијата ја испиувала и Естес која признала што направила. Како што објаснила, тоа бил единствен начин за да го научи детето дека не смее да ги гризе другите деца. Во полицијата вевлат дека биле шокирани од нејзиното признание.

„Како родител верувате дека вашето дете нема да биде злоставувана, дека е сигурно и дека за него се грижат најдобро што можат. Мислам дека тоа е нешто што најмногу е загрижувачко во оваа ситуација“, смета Варен.

Естес веднаш била уапсена и обвинета за злоставување на детето. Одредена и е кауција во износ од 10.000 долари, а од градинката не сакале да го коментираат случајот, осввен што потврдиле дека воспитувачката повеќе не работи во градинката.

Scroll to Top