(Видео) Воз удри во возило на брза помош во Полска

Воз удри во возило за брза помош во Полска. Настанот бил снимен од една од безбедносните камери, а во несреќата загинаа две лица. Инцидентот се случил во април, а од канцеларијата на обвинителот е отворена истрага откако била целосно прегледана снимката од местото на несреќата.

Во несреќата загинале еден доктор и медицински техничар. Несреќата се случила на 3 април, кога возачот го игнорирал предупредувањето на семафорот, по што заглавил меѓу рампите.

Се обидел да паркира паралелно со рампата, но не успеал, па во него со полна брзина налетал возот.

 

Scroll to Top