(Видео) Возач на автобус спаси баба од арамија

Возачот Карол Золт Кис успеал да спаси баба која била нападната од арамија. Кис додека го возел автобусот низ улиците на Унгарија, забележал покрај патот, како арамија се обидува да ограби една старицата. Тој веднаш застанал и излегол да се пресмета со него.

Кис, кој е поранешен војнук, за кратко време го совладал напаѓачот, кој кратко потоа избегал од местото на настанот. Кис и помогнал на старицата да се качи во автобус и да ја однесе до посакуваната дестинација.

За среќа госпоѓата не била повредена, но, како што наведуваат локалните медиуми, овој настан многу ја потресол. Полиција набрзо потоа го уапсила 27. годишниот арамија.

Scroll to Top