(Видео) Вреќи со половина милион долари испаднале на автопат

Речиси 600.000 долари испаднале од камион на компанијата за обезбедување „Бринкс“ на автопатот во Индијанаполис во четвртокот утрото.

Ова било објавено од страна на полицијата и побарала луѓето што ги собрале парите да ги вратат назад, во спротивно ќе бидат обвинети за кражба.

Не е јасно како се отворила задната врата на оклопното возило. Некои возачи ги запреле своите возила за да соберат колку е можно повеќе пари. На интернет е објавена и снимка од инцидентот.

„Вреќите полни со пари испаднаа од камионот на патот“, изјавил полицискиот службеник кој се нашол на местото на настанот.

„Тоа беше како сцена од филм, парите летаа по патот, а луѓето ги запираа возилата и излегуваа од нив за да соберат колку е можно повеќе пари“, дополнил полицискиот службеник.

Полициската управа изјавила дека веќе примила дојави со броеви од регистарските таблички и ги советувала тие што ги зеле парите да им се јават и да ги вратат назад.

 

 

Scroll to Top