(Видео) Забава на средношколци во трговскиот „Бисер“ без маски и дистанца

На „Фејсбук“ се шири видеото од вчерашната забава на средношколци во кафуле во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром. На забавата никој од присутните не носел маска и не се почитувала мерката за соодветно растојание.

„Еве кај ви се средношколциве, мизерија“, коментираат на „Фејсбук“.

На видеото може да се видат голем број на млади луѓе кои не ги почитуваат мерките за заштита од ширење на коронавирусот, па дури и пушат од исто наргиле.

Почетокот на учебната година е одложен за први октомври поради пандемијата на корона вирусот во Македонија.

Во неделата средношколците излегоа на протест за се вратат во училишните клупи, а сега голем број од родителите во коментарите прашуваат дали на овој начин, децата ќе внимаваат и ќе се почитуваат мерките.

Scroll to Top