(Видео) Заменик-директорка во основно училиште е осудена за сексуално вознемирување девојче

By

Џули Морис која работела како заменик директор во едно основно школо во Виган во Англија, е осудена на казна затвор за сексуално злоставување на девојче.

dobivaj vesti na viber

Таа е осудена на 13 години и 4 месеци затвор откако ја признала вината за 18 кривични дела сексуално злоставување и 2 кривични дела за силување. Во скандалот бил вмешан е и нејзиниот партнер Дејвид Морис. Двајцата се снимале како малтретираат девојче помладо од 13 години.

Во судот во Ливерпул била пуштена и снимка на која се слуша Џули како се смее додека сексуално го злоставувале девојчето.

Таа во средата призна дека е виновна по 3 точки од обвинението. Една за направени непристојни фотографии од детето, една за сексуална комуникација со него и една за поседување на непристојни фотографии од девојчето.

„Секога се јавуваат случаи во кои е речиси невозможно да се поверува дека се случиле. Ова е еден од тие. Тоа покажува само колку човечката изпопаченост не познава граници“, рече судијата Ендрју Менари.

Дејвид Морис е осуден на 16 години за 34 кривични дела, вклучително и 7 точки за силување на дете помладо од 13 години, сексуални активности со дете, занимавање со сексуални активности во присуство на дете, сексуална комуникација со дете и земање, поседување и дистрибуција на непристојни фотографии.

Двојката доживотно ќе биде заведена во регистарот за сексуални престапници. Службите наведоа дека кривичните дела не се направени на нејзиното работно место. Џон Вин Вилијамс, обвинителот рече дека двојката се запознала преку апликацијата за состаноци откако ги раскинале претходните врски. Многу брзо потоа самите влегле во една таква изопачена врска.

Џули заработила отказ многу набрзо по апсењето. Покрај видео записот и фотографијата од телефонот на Дејвид Морис, полицијата прегледала 175.000 страници пораки меѓу нив двајцата, откривајќи сексуална експлицитна комуникација во која и двајцата појавиле интерес за малолетни деца. Тие воспоставиле и групен разговор со жртвата во која разговарале за тоа како ќе ја злоставуваат.

 

 

 

Ќе ви се допадне