(Видео) Запали оган со помош на лимон

By

Не знаеме во каква необична ситуација ќе се најдеме во животот па затоа треба да бидеме запознаени со одредени трикови кои ќе ни помогнат да преживееме. Видеото во продолжение ни покажува како  да запалиме оган со помош на лимон.

„Ова е страшен совет за опстанок кој не смеете да го пропуштите“, изјави момчето од видеото.

Со помош на бакарни шајки, шест обични шајки, парче жица и челична волна, момчето струјата од лимон ја употребило за загревање на челичната волна, сосема доволно за да создаде мал оган.

Спојте ги жиците онака како што се споени во видеото и ќе добиете струја од лимон, со чија помош ќе можете да запалите оган. Наместо челична волна, можете да користите материјали кои можат да бидат запалени од електрична искра.

Откако ќе го запалите оганот, можете да направите и една добра лимонада.

Ќе ви се допадне