Група затвореници во затвор во Калифорнија, биле снимени од безбедносната камера, како намерно се инфицираат со коронавирусот, со цел порано да излезат на слобода.
Службите не можеле да го објаснат брзиот раст на забоелни затворени со коронавирус, кој настанал на средината на април. Но, откако ја виделе снимката, се разјаснила целата ситуација, пренесува „Дејли Мејл“.
Шерифот на округот на Лос Анџелес, Алекс Виланов, во понеделникот соопшти дека 21 затвореник се заразиле еден со друг со коронавирус. Тие пиеле жешка вода од една чаша и користеле една иста маска.
Безбедносните камери на 25. април, забележале како еден затвореник пие вода од чаша, а потоа истата ја користи следниот.
„Со помош на топлата вода, затворениците лажно се обиделе да ја зголемат температрата, за да создадат симптом на „Ковид-19“, изјавил Виланов.
На снимката која ја објавиле голем број светски медиуми, се гледа како затворениците делат една иста чаша, групирајќи се на едно место, наместо да практикуваат социјално растојание.
„Меѓу нив постои лажно верување дека доколку бидат позитивни на коронавирус, ќе бидат ослободени од затвор. Тоа нема да се случи“, вели шерифот.
Тој додал дека 21 маж од блокот каде престојуваат 50 луѓе, се заразени со вирусот, но дека нема да им биде дозволено да си заминат дома.