(Видео) Земјотрес за време на тениски меч во Мексико

Тенискиот меч меѓу Германците Александар Зверев и Домоник Кепфер, за момент беше прекинат поради силниот земјотрес кој го погоди регионот Акапулко во Мексико, каде се одржува тениски турнир. Земјотресот беше со јачина од 5,7 рихтери и ја погоди мексиканската држава Гереро.

Епицентарот се случил на само 30 километри од Акапулко. Тенисерите и публиката на стадионот за момент се исплашија, но турнирот потоа продолжи, а на крајот на мечот слаеше Зверев.

„Не знаев што се случи. Не знаеше ни Доминик. Само ја слушавме публиката. Претпоставувам дека откако светлата почнаа да се тресат, публиката почувствува дека е земјотрес. Трчавме по теренот и за време на тресењето. Не го почувствувавме многу, но очигледно се случи“, изјавил Зверев.

Scroll to Top