(Видео) Жена направи 16 тетоважи од Еминем на телото и влезе во Гинис

Ники Патерсон од Абердин има 16 тетоважи од Еминем на своето тело. Со оваа таа постави светски рекорд и се запиша во Гинисовата книга на рекорди како прва во светот по бројот на тетоважи со ликот на ист музичар.

Патерсон, по професија е козметичарка и на 19 години таа ја направила својата прва тетоважа со ликот на Еминем.Сега има 35 години, вкупно 52 тетоважи, а од нив 28 се инспирирани од музичарот.

„Имав 14 години кога ја слушнав неговата музика и ме занесе, никој не беше како него. Иако тетовирав различни работи на телото, пред три години почнав да го тетовирам само Еминем и секој цртеж го сакам подеднакво. Ги обожавам овие тетоважи и ќе направам уште неколку,“ рекла Ники.

„Тој е постојан во мојот живот, многу пати сум била на неговите концерти“, рекла таа.

Ники решила да се запише во Гинисовата книга на рекорди во периодот кога морала да седи дома поради короната. Откако ја поминала нивната контрола, решила да го надмине светскиот рекорд, кој претходно го држела жена која имала истетовирано 15 портрети на Еминем. Ники ја истетовирале тројца тату-уметници од Абердин, Единбург и Честер, со што таа добила 16 тетоважи од музичарот на телото. Таа го има Еминем на рацете, нозете, градите и прстите.

Scroll to Top